Директорот на службата оствари средба со амбасадорот на Канада
Директорот на службата денеска оствари пријателска средба со амбасадорот на Канада, Мишел Камерон. На средбата, која се одржа во пријатна и конструктивна атмосфера, беа разменети искуства, идеи и гледишта за теми од заеднички интерес.
Соговорниците ја истакнаа важноста на ваквите средби како значаен чекор кон продлабочување на меѓусебната соработка и градење цврсти пријателски односи. Притоа беше нагласена подготвеноста за понатамошно унапредување на соработката и отворање нови можности за заеднички иницијативи во иднина.