Јавен повик

Врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19, 122/21 и 193/25), Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад

Предмет на овој јавен повик е избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад - движни ствари и тоа: електронска, електрична и информатичка опрема, како и канцелариска опрема кои немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и истите не се користат од страна на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија.
Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица кои поседуваат важечка дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, издадена од надлежен орган.
Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари предмет на јавниот повик.
Преземањето на движните ствари е без надоместок.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари – електронска, електрична и информатичка опрема, како и канцелариска опрема, предмет на јавниот повик од наведените локации во Скопје и да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.
Лице за контакт во врска со јавниот повик е: Марјан Стојковски, телефонски број: 02 3146-700, електронска адреса: marjan.stojkovski@sozr.gov.mk.

Подетални информации за движните ствари како и потребната документација во врска со јавниот повик се дадени во прилог електронски, на веб страната на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија www.sozr.gov.mk и тоа: инструкција по јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, табела со движни ствари (прилог 1), пријава за учество (прилог 2), изјава за транспортни средства, изјава за доволен број на лица и изјава за соодветно уништување и рециклирање.
v Краен рок за доставување на пријавите за учество е 04.03.2026 година до 16:30 часот.

Преземи ги Инструкциите по јавен повик

Преземи ја Листа на ствари

Преземи ги Изјави