Реновиран Клуб на Пратеници

Денеска симболично ги отворивме вратите на една од комплетно обновените сали во Клубот на пратеници и бевме домаќини на работната средба на медиумите со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински. Чест и задоволство ми беше што добивме јавно признание за сработеното во изминативе неколку месеци, за нашите напори за враќање на достоинствениот и препознатлив лик на објектот, кој во изминат

Санацијата на дел од просториите е комплетно завршена, а наскоро ќе заврши комплетната објава на овој препознатлив објект.

Ова е уште еден показател за нашето одговорно управување и домаќинско работење, со кое успешно ги надминавме затекнатите проблеми. Се стремиме да обезбедиме трајни решенија со кои не само што ќе ја вратиме функцијата на овој значаен објект, туку и ќе ја подобриме неговата ефикасност во иднина. Ова е показател за нашата посветеност и одговорност во управувањето со државниот имот и напорите за обезбедување високи стандарди и услови кои ги задоволуваат потребите на институциите и сите кои го користат ова значајно место.

Нашата работа не застанува тука. Продолжуваме со посветено, одговорно и отчетно работење за да го оспособиме целиот државен имот кој во минатото беше заборавен, со цел да обезбедиме функционални и модерни простории за сите, во интерес на државата, нејзините институции, од што корист имаат и граѓаните.