Програмата за планирање чист воздух 2024 – 2030 година

Денеска учествував на Координативниот состанок за Програмата за планирање чист воздух 2024 – 2030 година, каде што се разгледаа досегашните резултати и се дефинираа следните чекори за подобрување на квалитетот на воздухот во нашата земја. Се разгледуваа чекорите за усогласување на стратегиите и активностите во насока на намалување на загадувањето, особено во урбаните средини.
Меѓуинституционалната соработка и поддршка, како и координираниот пристап на сите чинители во општеството се гаранција за обезбедување трајни и одржливи решенија за почист воздух.

Посветено работиме на успешно спроведување на утврдената стратегија што ќе доведе до подобрување на квалитетот на животната средина и благосостојбата на граѓаните. Чистиот воздух е непроценливо право на секој од нас и основа за здрава иднина на сите генерации.