Работна средба за изградба на нов саемски комплекс во Скопје

Денеска одржавме конструктивна работна средба со претставници на „Скопски саем“, на која дискутиравме за потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје.

На средбата ги разгледавме можностите за локација, инфраструктурни услови и иновации кои би го направиле новиот саемски простор конкурентен на регионалните и меѓународните пазари.
Ќе ја продолжиме меѓуинституционалната соработка и поддршка и во периодот што следи подетално ќе ги разгледаме сите аспекти и можности за изградба на нов објект за потребите на саемските манифестации.

Иницијативата за враќање на „Скопски саем“ во сопствен објект е од исклучителна важност, бидејќи не само што ќе ја оживее економската активност, туку и ќе го зајакне регионалниот и меѓународниот профил на Македонија како важен трговски и деловен центар.