Контакт број за обезбедување и организирање транспорт и сместување на членовите на семејствата на повредените деца кои се испратени на лекување во странство

Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија ги повикува семејствата на повредените деца, кои се испратени на лекување во странство да се јават за помош и поддршка при организирање транспорт и сместување.
Достапни сме за сите на кои им е потребна помош, со цел да обезбедиме целосна логистичка поддршка и информации во секое време.