Признание за успешна соработка со Одделот за заштита на личности и објекти

Со големо задоволство ја примивме благодарницата од Одделот за заштита на определени личности и објекти, како признание за успешната соработка и поддршка.

Ова признание ни претставува дополнителен мотив да ја продолжиме и унапредиме нашата соработка и во иднина, во интерес на сите нас.

Јавна благодарност до Одделот и честитки по повод јубилејот, 80 години од постоењето.
Веруваме дека и понатаму ќе продолжите да бидете еден од столбовите на сигурноста и мирот во државата.